Конкурс за изработка на прикази на случај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс за изработка на прикази на случај PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 ноември 2010 09:22

Приказите на случај за граѓанското општество се подготвуваат за потребите на Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО). ИГО е акциско - истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот преку анализа на 65 показатели, групирани во пет димензии. Проценката се прави со употреба на повеќе истражувачки методи, како испитување на јавноста преку репрезентативен национален примерок; анкета на граѓанските организации; интервјуа со клучни личности; прикази на случај; анализа на литература и др.

Приказите на случај ќе бидат објавени во изданието „Граѓански практики“, а ќе бидат користени и за аналитичкиот извештај за ИГО.

ТЕМИ

Приказите на случај треба да бидат во следните димензии на граѓанското општество и на следните теми:

  • Димензија: Граѓански ангажман
    • Трендови на учество на граѓаните во граѓанското општество;
    • Волонтеризмот во граѓанското општество;
    • Социјалните медиуми како форма на граѓански ангажман и здружување;
  • Димензија: Ниво на организација
    • Јаз меѓу урбаните и руралните средини - заживување на ГО во руралните подрачја;
    • Соработката меѓу организациите на граѓанското општество: 3К – Комуникација, координација, соработка;
  • Димензија: Практикување вредности
    • Демократијата во граѓанското општество;
    • Отчетност на граѓанското општество;
  • Димензија: Перцепција на влијанието
    • Влијание на граѓанското општество на политиките на национално ниво: Закон за спречување и заштита од дискриминација;
    • Влијание на граѓанското општество на политиките на национално ниво: Национален буџет;
  • Димензија: Околина
    • Општествената одговорност на претпријатијата и односите меѓу деловниот сектор и граѓанското општество;
    • Структурираниот дијалог меѓу државата и граѓанското општество;
    • Ограничувањата во слободата на здружување на граѓаните и дејствувањето на граѓанските организации.

Приказите на случај се однесуваат на состојбата во споменатите области на граѓанското општество во Република Македонија, а пред сѐ на здруженијата на граѓани и фондации.

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

Приказите на случај треба да претставуваат длабинска и систематична анализа на конкретни прашања од важност за граѓанското општество. Анализата треба да се заснова на истражувања (пр. анализа на литература, анкети), интервјуа и сл. Приказите треба да бидат напишани на македонски јазик (со кирилична поддршка), албански или англиски јазик. Преземи го   деталното упатство за подготовка на приказите на случај . Упатството содржи дефиниција на темата и можни истражувачки прашања и хипотези. Избраните автори ќе работат во соработка и консултација со одговорните соработници во МЦМС. Големината на приказите не треба да надминува 15 страници (од 3.000 – 5.000 збора).

АВТОРИ

Право за аплицирање имаат сите физички и правни лица.  Предност ќе биде дадена на студентите на сите три циклуса на студии, кои имаат афинитет кон истражување на граѓанското општество. Може да се пријават и група на физички лица.

ИЗБОР

Изборот на авторите ќе го врши Националниот индекс тим за Цивикус – Индексот на граѓанското општество, врз основа на искуството и понудената методологија од страна на кандидатите за автори. Избраните автори ќе бидат известени најдоцна десет дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на приказите на случај, за оние кои ќе бидат избрани ќе биде 15 декември 2010 година.

ФОНД НА КОНКУРСОТ

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 300.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 30.000 денари. Висината на поединечниот надоместок ќе зависи од понудената методологија за подготовка на приказите на случај.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со испраќање на пријава и биографија на физичкото лице т.е. референци на правното лице на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 15 ноември 2010 г.

Преземете ги   деталното упатство за подготовка на приказите на случај, пријавата и форматот на биографијата т.е. референците.

Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 12 ноември 2010 г. на горенаведената адреса за е-пошта.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Конкурс за изработка на прикази на случај