Граѓанскиот активизам во новото издание на Граѓански практики |
![]() |
![]() |
![]() |
E enjte, 16 qershor 2011 12:43 | |||
Приказите кои се дел од ова издание се направени за потребите на најсеопфатното истражување на граѓанското општество Цивикус – Индекс на граѓанското општество и третираат теми поврзани со Граѓанскиот ангажман.Вкупно осум автори истражуваа пет теми поврзани со граѓанскиот ангажман. На страниците на ова издание ќе можете да прочитате за учеството на граѓаните во политичките непартиски активности низ актуелни примери како што се протестите против промена на уставното име, протестите и петициите околу проектот Скопје 2014. Социјалните медиуми се предмет на интерес во два од приказите. Како се употребуваат од страна на граѓанските организации, какви пораки се испраќаат преку нив, постои ли интеракција? Мобилизирањето на граѓаните преку социјалните мрежи се разработува низ примерот на граѓанската иницијатива „Плоштад слобода“. Последните два прикази се однесуваат на волонтерството: Каква е сегашната состојба на развојот на волонтерството посебно по донесувањето на Законот за волонтерство? Кој е општиот профил на лицата кои волонтираат во социјалните и хуманитарните организации? Кои се главните мотиви кои ги поттикнуваат луѓето да се ангажираат во волонтерски активности? Авторите на приказите користеа повеќе истражувачки методи: анкети, интервјуа, анализа на литература и сл. Постапката на избор на автори се одвиваше преку јавен оглас објавен во медиумите.
|