Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 мај 2011 08:44
makedonski-opstestveni-vrednosti

[Прес соопштение] МЦМС за прв пат го спроведе истражувањето „Македонски општествени вредности“. Во ова соопштение ви ги презентираме ставовите за слободата , еднаквоста и солидарноста.

Граѓаните ја сметаат поважна еднаквоста (52,1%) наспроти индивидуалните слободи (41,5%). Тоа е потврдено и од рангирањето на овие две вредности на листата на лични вредности (6,9 % наспроти 4,3 %). Повеќето граѓани (62,1 %) преферираат помали разлики во платите, за сите да имаат подеднакво. Потребно е понатамошно истражување и дебата за одредување на причините на овој став – носталгија по минатото, реакција на зголемената социјална несигурност или преголем социјален јаз во нашето општество.

Истражувањето покажа дека големо мнозинство граѓани (79,0 %) не веруваат во солидарноста на луѓето, односно, сметаат дека луѓето главно се грижат само за себе. Овој став ги потврдува личниот вредносен систем и претставата за Македонија, односно солидарноста е во втората половина вредности кои им се лично најважни (10-та од можни 14) и кои најдобро ја претставуваат Македонија (12-та од можни 14).

Потесното семејство е во преден план и големо мнозинство граѓани (79,1 %) се многу загрижени за него, а ако се земат предвид и граѓаните кои се загрижени до одредена мера, тоа изнесува 95,1 %. Загриженоста за семејството опаѓа со зголемувањето на нивото на образование и социјалниот статус.

Мнозинство граѓани се многу загрижени за децата од сиромашните семејства (70,8 %), болните лица и лицата со хендикеп (66,7 %) и невработените во Македонија (59,5 %).

Загриженоста на македонските граѓани опаѓа со оддалеченоста на граѓаните за кои се прашани. Македонските граѓани се најзагрижени за соседите (42,3 %), а се најмалку загрижени за луѓето кои не живеат во Македонија (9,4 %).

Анкетата за МЦМС ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на национален репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план