Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 18 maj 2011 08:44
makedonski-opstestveni-vrednosti

[Прес соопштение] МЦМС за прв пат го спроведе истражувањето „Македонски општествени вредности“. Во ова соопштение ви ги презентираме ставовите за слободата , еднаквоста и солидарноста.

Граѓаните ја сметаат поважна еднаквоста (52,1%) наспроти индивидуалните слободи (41,5%). Тоа е потврдено и од рангирањето на овие две вредности на листата на лични вредности (6,9 % наспроти 4,3 %). Повеќето граѓани (62,1 %) преферираат помали разлики во платите, за сите да имаат подеднакво. Потребно е понатамошно истражување и дебата за одредување на причините на овој став – носталгија по минатото, реакција на зголемената социјална несигурност или преголем социјален јаз во нашето општество.

Истражувањето покажа дека големо мнозинство граѓани (79,0 %) не веруваат во солидарноста на луѓето, односно, сметаат дека луѓето главно се грижат само за себе. Овој став ги потврдува личниот вредносен систем и претставата за Македонија, односно солидарноста е во втората половина вредности кои им се лично најважни (10-та од можни 14) и кои најдобро ја претставуваат Македонија (12-та од можни 14).

Потесното семејство е во преден план и големо мнозинство граѓани (79,1 %) се многу загрижени за него, а ако се земат предвид и граѓаните кои се загрижени до одредена мера, тоа изнесува 95,1 %. Загриженоста за семејството опаѓа со зголемувањето на нивото на образование и социјалниот статус.

Мнозинство граѓани се многу загрижени за децата од сиромашните семејства (70,8 %), болните лица и лицата со хендикеп (66,7 %) и невработените во Македонија (59,5 %).

Загриженоста на македонските граѓани опаѓа со оддалеченоста на граѓаните за кои се прашани. Македонските граѓани се најзагрижени за соседите (42,3 %), а се најмалку загрижени за луѓето кои не живеат во Македонија (9,4 %).

Анкетата за МЦМС ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на национален репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Еднаквоста поважна од индивидуалната слобода, неверување во солидарноста - јас и моето семејство во преден план