Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 мај 2011 10:42

МЦМС спроведе обука за односи со јавноста за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во периодот од 11 до 13 мај 2011 година. На учесниците им беа презентирани повеќе теми низ кои ги подобруваа вештините за презентација, вештините за пишување прес соопштенија и организирање и одржување прес конференции, за организирање настани и давање изјави/интервјуа за медиумите. Низ практичната работа дел од новите знаења имаа можност и веднаш да ги применат.

Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ

Учесниците покажаа голем интерес и ентузијазам за усвојување на новите знаења и вештини. Во одлична работна атмосфера тие посветено го јакнеа својот и капацитетот на Агенцијата кој ќе им помогне во справувањето со идните предизвици.

Обуката ја организираше ОБСЕ, мисијата во Скопје, а ја спроведе МЦМС преку својот обучувач Гонце Јаковлеска.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ