Tuesday, 17 May 2011 10:42 |
МЦМС спроведе обука за односи со јавноста за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во периодот од 11 до 13 мај 2011 година. На учесниците им беа презентирани повеќе теми низ кои ги подобруваа вештините за презентација, вештините за пишување прес соопштенија и организирање и одржување прес конференции, за организирање настани и давање изјави/интервјуа за медиумите. Низ практичната работа дел од новите знаења имаа можност и веднаш да ги применат.
|