Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 17 maj 2011 10:42

МЦМС спроведе обука за односи со јавноста за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во периодот од 11 до 13 мај 2011 година. На учесниците им беа презентирани повеќе теми низ кои ги подобруваа вештините за презентација, вештините за пишување прес соопштенија и организирање и одржување прес конференции, за организирање настани и давање изјави/интервјуа за медиумите. Низ практичната работа дел од новите знаења имаа можност и веднаш да ги применат.

Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ

Учесниците покажаа голем интерес и ентузијазам за усвојување на новите знаења и вештини. Во одлична работна атмосфера тие посветено го јакнеа својот и капацитетот на Агенцијата кој ќе им помогне во справувањето со идните предизвици.

Обуката ја организираше ОБСЕ, мисијата во Скопје, а ја спроведе МЦМС преку својот обучувач Гонце Јаковлеска.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Вештини за односи со јавноста за вработените на АОПЗ