Ставови на граѓаните за употреба на насилството - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови на граѓаните за употреба на насилството PDF Печати Е-пошта
Петок, 04 Февруари 2011 13:34

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе анкети за прашања од сопствен интерес како општествени вредности вклучително и ставот на граѓаните за употреба на насилството.

Мирот/ненасилството – прва вредност која најдобро ја претставува Македонија

На прашањето кои вредности најдобро ја претставуваат Македонија, граѓаните за прва вредност го имаат избрано мирот/ ненасилството, пред демократијата и почитта за други култури. Оваа вредност, мир/ ненасилство е и втора најважна лична вредноста, по човековите права.

Тероризмот не е оправдан ниту за една цел

Големо мнозинство граѓани (92,5 %) не го оправдуваат тероризмот за ниту една цел. Не постојат разлики по социо-демографска основа.

Графикон 1. Ставови на граѓаните за оправданост на тероризмот

Ставови на граѓаните за употреба на насилството

Употребата на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели не е оправдана

Големо мнозинство граѓани (96,4 %) не оправдува употреба на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели.

Не постојат разлики по социо-демографска основа. На пример, насилство не одобруваат ниту етничките Македонци (96 %), ниту етничките Албанци (98 %).

Графикон 2. Колку се согласувате дека употребата на насилството за остварување на идеолошки (партиски, религиозни) цели е оправдана?

Ставови на граѓаните за употреба на насилството

  Ставови на граѓаните за употреба на насилството

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ставови на граѓаните за употреба на насилството