Ставови на граѓаните за употреба на насилството - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови на граѓаните за употреба на насилството PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 04 shkurt 2011 13:34

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе анкети за прашања од сопствен интерес како општествени вредности вклучително и ставот на граѓаните за употреба на насилството.

Мирот/ненасилството – прва вредност која најдобро ја претставува Македонија

На прашањето кои вредности најдобро ја претставуваат Македонија, граѓаните за прва вредност го имаат избрано мирот/ ненасилството, пред демократијата и почитта за други култури. Оваа вредност, мир/ ненасилство е и втора најважна лична вредноста, по човековите права.

Тероризмот не е оправдан ниту за една цел

Големо мнозинство граѓани (92,5 %) не го оправдуваат тероризмот за ниту една цел. Не постојат разлики по социо-демографска основа.

Графикон 1. Ставови на граѓаните за оправданост на тероризмот

Ставови на граѓаните за употреба на насилството

Употребата на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели не е оправдана

Големо мнозинство граѓани (96,4 %) не оправдува употреба на насилство за идеолошки (партиски, верски) цели.

Не постојат разлики по социо-демографска основа. На пример, насилство не одобруваат ниту етничките Македонци (96 %), ниту етничките Албанци (98 %).

Графикон 2. Колку се согласувате дека употребата на насилството за остварување на идеолошки (партиски, религиозни) цели е оправдана?

Ставови на граѓаните за употреба на насилството

  Ставови на граѓаните за употреба на насилството

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Ставови на граѓаните за употреба на насилството