Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Локални организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Локални организации PDF Печати Е-пошта
Недела, 20 јули 2008 14:50

Општа цел на проектот беше да придонесе во развојот и градењето на капацитетите на граѓанските организации преку сеопфатна програма за градење на капацитетите заснована на идентификуваните и проценети потреби за обуки на локалните граѓански организации во Тетовскиот и Кумановскиот регион.

Цели на проектот беа: зголемување на капацитетите на локалните граѓански организации од тетовскиот и кумановскиот регион за долгорочна самоодржливост преку обезбедување обуки за градење на капацитетите на различни теми релевантни за развојот на граѓанските организации; подобрување на соработката и вмрежувањето на локалните граѓански организации од тетовскиот и кумановскиот регион и промовирање на можностите за соработка и партнерство помеѓу локалната самоуправа и локалните граѓански организации од тетовскиот и кумановскиот регион.

Очекувани резултати на проектот беа: развиени и зајакнати капацитети на граѓанските организации во наведените области; подобрено вмрежување помеѓу локалните граѓански организации и подобрена комуникација меѓу локалните граѓански организации и локалната самоуправа.

Во рамките на проектот беа спроведени 14 обуки (7 во Тетово и 7 во Куманово), 6 работилници (3 во Тетово и 3 во Куманово) и 8 денови за консултации.

Беа спроведени Обука за Раководење со проектен циклус (РПЦ; 1 и 2 фаза); Консултации за Раководење со проектен циклус; Работилница за буџетирање; Консултации за буџетирање; Обука за проектна формулација и пристап до донатори; Консултации за проектна формулација и пристап до донатори; Работилница за подготовка на проекти заедно со локалната самоуправа; Обука за следење и оценка; Работилница за градење на коалиции и мрежи со локалната самоуправа – Тетово и Куманово; Обука за раководење со човечки ресурси – мотивација на волонтерите и градење на тим; Обука за административно работење; Обука за односи со јавноста: основна.

МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од ОБСЕ како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.

Временскиот период на спроведување беше 10 фебруари – 20 декември 2007 година.

Буџетот изнесува 359.153,50 МКД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Локални организации