Редовни обуки за развој на капацитети на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Редовни обуки за развој на капацитети на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Недела, 20 јули 2008 14:33

Општа цел на проектот беше развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот беше Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот беше: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на граѓанското општество.

Конкурсот за пријавување кандидати за учество на обуката беше објавен во дневните весници: “Дневник” на македонски и “Коха” на албански јазик. Информации за обуката беа испратени до сите организации застапени во базата на податоци на МЦМС. Апликациите за обуката беа достапни и на веб страната на Граѓански свет.

Селекцијата на учесниците беше направена врз база на оценка на кандидатот и организацијата. Како критериуми за проценка на кандидатите беа: степен на образование, функција во организацијата и претходно искуство во секторот. Додека критериумите за проценка на организацијата беа: сектор на делување, години на постоење на организацијата, буџет, соработка со други организации и институции.

Трошоците за обуките беа покриени од страна на МЦМС (90%), а учесниците партиципираа со 10% од трошоците за обуката и патните трошоци.

На крајот од секоја обука учесниците пополнуваа Прашалници за оценка на обуките. Резултатите од прашалниците за оценка на обуките кои се однесуваат на програмскиот дел, покажуваат дека генерално, курсевите ги исполниле очекувањата на учесниците. Тие сметаат дека ги совладале основите на темите опфатени со овој циклус на обуки.

Сите учесници со голем интерес ги следеа обуките и беа заинтересирани за сите теми кои беа опфатени со програмата. Во текот на обуките имаше голема интеракција и соработка со обучувачите и активно учество во практичните вежби и презентациите.

Дополнителна вредност на обуките беше и запознавањето на учесниците и развивањето на меѓусебни контакти, што ќе придонесе кон зголемување на нивната меѓусебна соработка.

МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од Данската Црковна Помош (ДЦА) како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.

Временскиот период на спроведување беше 15 јуни – 20 декември 2007 година.

Трошоците за проектот изнесуваат 2.397.457,50 денари.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Редовни обуки за развој на капацитети на граѓанските организации