А1: Анкета: Над 90% Македонци сакаат влез во ЕУ |
Петок, 28 октомври 2005 01:00 | |||
Над 90% од граѓаните сакаат Македонија да стане членка на Европската унија, а 56,3% сметаат дека државата ги исполните условите за прием. Ова се резултатите од анкетата што минатата недела ја спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во рамки на кампањата „Спомнете ја Македонија за добро“. Со неа беа опфатени 12.000 граѓани. Според анкетата, 40,2% од консултираните граѓани не се задоволни од ангажманот на Владата за евроинтегрирање на Македонија во ЕУ. Поделеноста по ова прашање е најголемо меѓу симпатизерите на политичките партии. Кампањата „Спомнете ја Македонија за добро“ се спроведува веќе два месеца, а во наредниот период ќе продолжи како акција под мотото „Кажете ОК за МК“. „Целта на кампањата во чии рамки се предвидени повеќе типови активности е граѓаните да ја поддржат Македонија во напорите за евроинтегрирање“, рече на денешната прес-конференција Јулијана Тешија од Форум центарот за стратегиски истражувања и документација. Проектот што се реализираше изминатите два месеца чини 1,5 милиони денари, а го организираат Македонскиот центар за меѓународна соработка, Форум центарот за стратегиски истражувања и документација, како и Потрага по заедничка основа. Средствата се обезбедени од фондот на МЦМС предвиден за ваков вид акции. Извор: А1 (28.10.2005)
|