А1: Колку невладини организации, толку политичари на НВО-саемот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Колку невладини организации, толку политичари на НВО-саемот PDF Печати Е-пошта
Недела, 11 декември 2005 01:00

Кој кому се додворува? Колку невладини организации, толку политичари на НВО-саемот. Меѓу невладините се прошетаа Претседателот, Премиерот, министри и локални политичари.

Од невладините организации велат дека во изборните години секогаш е вака. Најчесто тогаш партиите и владините институции бираат или формираат невладини организации преку кои ќе ги придобијат гласачите.

„Во таа спрега државни власти, политички партии и невладини организации да формираат невладини организации, потоа преку нив државата или претпријатијата кои се под влијанија дадени политички структури, да се дадат финансии на невладини организации за да реализираат проекти“, изјави Зоран Стојанов.

Врските меѓу невладините организации и центрите на политичка моќ честопати се недефинирани.

Наместо невладините организации да ги повикуваат владините институции на одговорност, тие во обид да добијат поддршка за своите проекти се зближуваат со нив, заборавајќи да ги критикуваат.

Во времето на изборниот молк, невладиниот парламент преку СМС ги повикуваше граѓаните да гласаат, американското признавање под уставното име се славеше со забава, а за успешно реализиран настан на невладиниот сектор се смета оној на кој ќе се појави некој политичар.

По заминувањето на голем број на странски донатори, драстично се намалува бројот на невладините кои успеваат да реализираат успешни проекти без поддршка на политиката.

„Многу од нашите цели зависат од тоа дали власта е спремна на соработка. На пример, измена на законот за здруженија на граѓани и фондации, многу зависи од тоа како ние ќе успееме да соработуваме со Министерството за правда, а од друга страна ние како граѓанска организација имаме потреба и да бидеме критички спрема истата таа власт“, рече Сашо Клековски, МЦМС.
Од каде доаѓаат парите на НВО-сметките, ќе се регулира со новиот закон.

„Секоја НВО што ќе биде вклучена во процесот на избори, дали на ниво на набљудување или на кампања за изборите ќе мора да отвори посебна жиро-сметка и да ги најави донаторите“, вели Дарко Алексов, МОСТ.

Од 6.000 регистрирани невладини организации, според активноста на нивните жиро-сметки, практично функционираат само една четвртина од нив.

Извор: А1 (11.12.2005)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите А1: Колку невладини организации, толку политичари на НВО-саемот