А1: Македонските граѓани не веруваат во државата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Македонските граѓани не веруваат во државата PDF Печати Е-пошта
Сабота, 25 ноември 2006 01:00

Македонските граѓаните не веруваат во државата, но најмногу помош во решавање на проблемите очекуваат токму од државните институции.

Неисполнетите предизборни ветувања придонеле довербата на граѓаните да е најниска во политичките партии и во институциите поврзани со нив. 57%, пак, немаат никаква доверба.

„Најниска е довербата во државните институции, почнувајќи од политичките партии, каде што довербата е 22%, понатаму во судството 23%, во Владата 26%, па во Претседателот 33%, што во најмала рака е контрадикторно, да му верувате најмалку на оној од кого очекувате да ги реши вашите проблеми“, изјавија од МЦМС.

Како причина зошто довербата е намалена кај институциите, најчесто граѓаните ја посочуваат негрижата на државата кон нив.
„Државните институции во одредена мерка си ги исполнуваат своите обврски, меѓутоа нешто посебно дека се залагаат за граѓаните, не. Луѓе кои одат се жалат дека не им се завршуваат работи, губат доверба. Поранешните не, ама со новата влада верувам“, велат граѓаните.

Довербата кон граѓанските организации е поголема отколку кај државните. Но, последните случувања во невладиниот сектор ја намалуваат довербата кај граѓаните.

„Еве што се случува со Интернешнл, со Хелсиншки комитет, што значи не може да се верува. И во нив не верувам, затоа што мислам дека сето тоа што го прават, го прават само за да си ги оправдаат парите, средствата што ги добиваат“, рекоа граѓаните.

Според истражувањето, најголема доверба, дури 68%, граѓаните имаат во црквите и верските заедници. Довербата ја немаат кога се во прашање синдикатите и стопанските комори. Од деловниот сектор, пак, очекуваат чесно да им ја исплаќа платата.

Според истражувањето работено за Центарот за меѓународна соработка, ставовите меѓу етничките групи за поединечни прашања се приближно исти.

Извор: А1 (25.11.2007)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите А1: Македонските граѓани не веруваат во државата