Среда, 08 март 2023 13:03 |
Автор: Фанија Ивановска Дата: декември 2022 година ИСБН: 978-608-4848-45-5 ПДФ: Opshta_doverba_i_doverba_vo_instituciite_2021.pdf
Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше три аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството). Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на општата довербата и довербата во институциите, а која беше спроведена по деветти пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество.
|