А1: Граѓаните не им веруваат многу на институциите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Граѓаните не им веруваат многу на институциите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 10 tetor 2007 01:00

Македонските граѓани не им веруваат многу на институциите. Тоа го покажуваат резултатите од спроведената анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка врз 1.601 испитаник.

Доверба во институции

  • Медиуми - 53%
  • Деловен сектор - 52%
  • Граѓански сектор - 45%
  • Држава - 38%
  • Политички партии - 24%

Од институциите, медиумите се со најголема доверба, но и најголем пад. Скоро 53% им веруваат на медиумите, 47% не. По нив следи приватниот сектор, а најмалку граѓаните им веруваат на политичките партии, дури 76%.

Од државниот сектор испитаниците најмногу им веруваат на образовните институции. Така одговориле 68%. Се уште висока доверба има АРМ, но и полицијата.

Владата, и покрај зголемената доверба, заедно со Претседателот и Собранието остануваат со низок праг доверба. Во Владата веруваат 46% од испитаниците, во Претседателот 35%, а во Собранието 32%. Во судството 78% од граѓаните немаат доверба.

Доверба во државниот сектор

  • Образовни институции - 68%
  • АРМ - 64%
  • Влада - 46%
  • Претседател - 35%
  • Собрание - 32%
  • Судство - 22%

„Она што е посебно за истакнување овојпат е дека истиот тренд може да се забележи во довербата во полицијата. Значи, еднаква е довербата и на етничките Македонци и на етничките Албанци во полицијата, што е мала промена во однос на минатата година“, изјави Александар Кржаловски, МЦМС.

Доверба во професии:

  • Професори и наставници - 65%,
  • Лекари - 54%,
  • Полицајци - 50%,
  • Судии - 25%,
  • Цариници - 17%.

Мнозинството од испитаниците одговориле дека граѓанските организации служат за доаѓање до пари на поединци, а дури 70% дека се злоупотребуваат од политичките партии.

Дури 60% немале одговор кои граѓански организации придонесуваат за борба со корупцијата, а 72% не знаеле кои придонесуваат за економскиот развој.

Извор: А1 (10.10.2007)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat А1: Граѓаните не им веруваат многу на институциите