А1: МЦМС: Сите големи партии имаат слични шанси на избори - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: МЦМС: Сите големи партии имаат слични шанси на избори PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 05 shkurt 2008 01:00

Сите партии од големата четворка во Македонија имаат подеднакво слични шанси за победа, доколку утре би се одржале избори. Вака вели последната анкета реализирана од невладината МЦМС во соработка со Институтот за социолошко-политички истражувања.

Анкета на МЦМС

  • ВМРО ДПМНЕ - 19,3%
  • СДСМ - 13,2%
  • ДУИ - 7%
  • ДПА - 6,3%

Според резултатите, владината ВМРО-ДПМНЕ со 19,3% е во блага предност пред опозиционата СДСМ, со која се поистоветуваат 13,2% од анкетираните граѓани.

Кај албанските партии, пак, разликата е уште помала. ДУИ има рејтинг од 7%, додека владината ДПА 6,3%.

Македонските партии со различен коментар.

„Анкетата на МЦМС е индикативна, три прашањата се индикативни и знаеме дека МЦМС е блиска на СДСМ и не не изненадува она што го извадија како податок“, изјави Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Анкета на ИРИ

  • ВМРО ДПМНЕ - 26%
  • СДСМ - 11%
  • ДУИ - 11%
  • ДПА - 5%

„Што се однесува до легитимноста на оваа анкета која ја оспорува ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ви дадам еден пример, доскорешниот директор на американскиот републикански институт ИРИ, Андреј Лепавцев е советник на премиерот Груевски, СДСМ во ниту еден момент не оспори ниту една анкета на ИРИ“, рече Емилијан Станковиќ, СДСМ.

Резултатите од анкетата на МЦМС се сосема различни со последната анкета на ИРИ, која исто така беше реализирана кон крајот на минатата година.

Разлика има и во бројот на репрезентативниот примерок. Анкетата на ИРИ беше спроведена врз 1.100 лица, додека оваа на МЦМС врз 1.600 испитаници.

Извор: А1 (05.02.2008)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat А1: МЦМС: Сите големи партии имаат слични шанси на избори