МИА: МЦМС ги промовираше транспарентните и отчетни општини во Република Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МИА: МЦМС ги промовираше транспарентните и отчетни општини во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 декември 2008 14:58

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска ги промовираше годишните извештаи за отчетно и транспарентно работење на општините Чашка, Теарце, Конче, Старо Нагоричане, Велес, Прилеп и Могила.

Миодраг Колиќ од одделението за развој во МЦМС соопшти дека во рамки на проектот „Транспарентна локална самоуправа“, од 13 општини, финансиски ги поддржале овие седум општини за реализација на проекти за транспарентно и отчетно работење.

- Досегашните искуства покажуваат дека транспарентноста е слаба страна на локалната самоуправа и на јавните институции во Република Македонија, рече Колиќ. Тој потенцира дека целта на проектот е да се поттикнат општините да даваат информации за сите поголеми проекти и иницијативи во нивната заедница.

Проектот, како што потенцира Колиќ, ќе придонесе кон подобрување на механизмите за граѓанска вклученост во процесите на градење на јавните политики, како и можност за партиципативно буџетирање и следење на јавните трошоци, а со тоа и барање на поголема отчетност на локалните власти.

Проектот за отчетно работење изнесува околу 800.000 денари, а секоја од општина учествува со свои средства во висина на 30 отсто од проектот. Поголемиот дел од општините подготвиле годишни извештаи за своето работење во изминатата година, како и брошури за даноци на имот и комунални такси. Само општина Велес  аплицирала со идеја за граѓански сервисен центар.

Извор: МИА (27.11.2008)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите МИА: МЦМС ги промовираше транспарентните и отчетни општини во Република Македонија