Вест: Мобилизација на граѓанското општество |
Понеделник, 24 ноември 2003 01:00 | |||
Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица. Во изложбениот дел на НВО саемот учествуваа 205 граѓански организации од Македонија од кои десетина беа странски. Наградата за најдобро уреден штанд ја добија здруженијата на грѓани "Меѓаши" од Скопје, Сојузот на извидници на Македонија и "Синергија од Штип. Извор: Вест (24.ноември.2003)
|