Вест: Мобилизација на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Мобилизација на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 24 nëntor 2003 01:00

Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица.

_nvo-2Во изложбениот дел на НВО саемот учествуваа 205 граѓански организации од Македонија од кои десетина беа странски. Наградата за најдобро уреден штанд ја добија здруженијата на грѓани "Меѓаши" од Скопје, Сојузот на извидници на Македонија и "Синергија од Штип.
Сашо Клековски, директор на МЦМС, соопшти дека во текот на саемската манифестација биле одржани 48 панели, форуми и други социо-културни настани.
Во моментот во Македонија постојат околу 6. 000 невладини организации од кои само околу 200 работат интензивно. Тие имаат активности поврзани со образованието, културата, животната средина, заштита на хендикепираните лица, човековите права, верските заедници и религиозни групи.(И.С.)

Извор: Вест (24.ноември.2003)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Вест: Мобилизација на граѓанското општество