Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка - Финансиска поддршка за НВО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка - Финансиска поддршка за НВО PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 октомври 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе обезбеди финансиска поддршка за активности на локални регионални невладини организации за проекти кои треба да се реализираат во рок од 6 месеци. Помошта е еднократна и може да изнесува од 60.000 до 140.000 денари.

Предност имаат организациите чии целни групи се жените, малцинствата, хендикепираните и младите и кои работат во секторите здравство, образование, човекови права, екологија, женски права и институционален развој.

Документите за пријавување можат да се достават во просториите на МЦМС најдоцна до 28 мај. (С.Кц.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка - Финансиска поддршка за НВО