Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка - Финансиска поддршка за НВО |
Monday, 16 October 2006 01:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе обезбеди финансиска поддршка за активности на локални регионални невладини организации за проекти кои треба да се реализираат во рок од 6 месеци. Помошта е еднократна и може да изнесува од 60.000 до 140.000 денари. Предност имаат организациите чии целни групи се жените, малцинствата, хендикепираните и младите и кои работат во секторите здравство, образование, човекови права, екологија, женски права и институционален развој. Документите за пријавување можат да се достават во просториите на МЦМС најдоцна до 28 мај. (С.Кц.) Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)
|