Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 октомври 2006 01:00

Партиите да се воздржат од насилство за време на изборната кампања, тоа е пораката која граѓаните ја упатија до политичките субјекти што учествуваат во изборната кампања. Вината за предизборните инциденти не може да се лоцира само кај една етничка група, иако генералната констатација е дека Македонија е далеку од фер и демократски избори. Повеќето учесници на вчерашната трибина „Насилство во изборната кампања", организирана од невладините ОХО и МЦМС, се согласија со оцените дека вината за инцидентите не треба да се бара во некакви оски исток – запад – север - југ, туку дома.

„Недозволиво е партиите да го нарушуваат рејтингот на заедницата. Верувам дека победникот ќе има разнишани преговарачки амбиции кога ќе договара влада по изборите", оцени уредникот Исо Руси од весникот „Лоби", анализирајќи ги неодамнешните инциденти во албанскиот и македонскиот политички блок. Ваквиот став Руси го поврза со информациите кои ги добиваат во Хелсиншкиот комитет за можни подготовки за малверзации на изборите на 5 јули. Тој додаде дека го загрижува неподготвеноста на надлежните институции околу ажурирањето на Избирачкиот список, каде што постојано фигурираат околу 200 илјади „мртви души". Директорот на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Панде Лазаревски, апелираше до владејачките партии да се посветат на решавање на проблемите, наместо што применуваат насилство.

Професор Владо Поповски претпоставува дека уште долго ќе живееме со насилство од секаков вид, а доколку продолжи тоа, граѓаните не ја заслужуваат оваа власт. Тој смета дека власта треба да се дислоцира од корупција со тоа што ќе го објави потеклото на парите. (Ж.Ѓ.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата