Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата PDF Print E-mail
Monday, 16 October 2006 01:00

Партиите да се воздржат од насилство за време на изборната кампања, тоа е пораката која граѓаните ја упатија до политичките субјекти што учествуваат во изборната кампања. Вината за предизборните инциденти не може да се лоцира само кај една етничка група, иако генералната констатација е дека Македонија е далеку од фер и демократски избори. Повеќето учесници на вчерашната трибина „Насилство во изборната кампања", организирана од невладините ОХО и МЦМС, се согласија со оцените дека вината за инцидентите не треба да се бара во некакви оски исток – запад – север - југ, туку дома.

„Недозволиво е партиите да го нарушуваат рејтингот на заедницата. Верувам дека победникот ќе има разнишани преговарачки амбиции кога ќе договара влада по изборите", оцени уредникот Исо Руси од весникот „Лоби", анализирајќи ги неодамнешните инциденти во албанскиот и македонскиот политички блок. Ваквиот став Руси го поврза со информациите кои ги добиваат во Хелсиншкиот комитет за можни подготовки за малверзации на изборите на 5 јули. Тој додаде дека го загрижува неподготвеноста на надлежните институции околу ажурирањето на Избирачкиот список, каде што постојано фигурираат околу 200 илјади „мртви души". Директорот на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Панде Лазаревски, апелираше до владејачките партии да се посветат на решавање на проблемите, наместо што применуваат насилство.

Професор Владо Поповски претпоставува дека уште долго ќе живееме со насилство од секаков вид, а доколку продолжи тоа, граѓаните не ја заслужуваат оваа власт. Тој смета дека власта треба да се дислоцира од корупција со тоа што ќе го објави потеклото на парите. (Ж.Ѓ.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата