Утрински весник: Децентрализацијата - тема на саемот на НВО и на ЗЕЛС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Децентрализацијата - тема на саемот на НВО и на ЗЕЛС PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 октомври 2006 01:00

Децентрализацијата ќе биде во фокусот на интересирањето на двата саема, ЗЕЛС ЕКСПО и НВО-саемот кои во текот на викендов ќе се одржат во просториите на Скопски саем. На 118 штанда ќе се претстават над 50 општини и 228 невладини организации, а покрај домашните, ќе има и 30-ина странски граѓански здруженија. НВО-саемот официјално ќе биде отворен денеска, со говорот на европретставникот во земјава Евран Фуере. На саемот е најавено присуството и на претседателот Бранко Црвенковски, а на една од сесиите ќе учествува и вицепремиерката Радмила Шеќеринска. Фокус-земја годинава е Албанија.

Директорот на МЦМС Сашо Клековски на вчерашната прес-конференција изјави дека на петтиот НВО-саем ќе може да се присуствува на многу интересни сесии, меѓу кои ќе се разговара за развојот на локалната самоуправа, корупцијата и за улогата на граѓанските организации.
Претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров вчера најави дека на третиот саем ЗЕЛС ЕКСПО прв пат заеднички ќе настапат Скопје и другите општини. Секоја општина ќе ги претстави проектите што ги реализира и своите обележја. (Ж.Ѓ.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Децентрализацијата - тема на саемот на НВО и на ЗЕЛС