Утрински весник: Граѓаните не веруваат во државата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Граѓаните не веруваат во државата PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 ноември 2006 01:00

Граѓаните во Македонија имаат највисока доверба во семејството (94 отсто), додека едвај малку над половината, или 54,5 отсто, имаат општа доверба во луѓето. Македонците, генерално, не веруваат во институциите, а од малото мнозинство што имаат доверба, најмногу им се верува на медиумите (56 отсто), деловниот сектор (49,8 отсто), граѓанскиот сектор (48,1 отсто), меѓународната заедница (44,5 отсто), а најмалку на државата (29,2 отсто) и на политичките партии (22,3 отсто). Ова се само дел од резултатите на истражувањето за „Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството“, што вчера го промовираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Сепак, и покрај малиот процент на доверба во државата, граѓаните очекуваат дека токму државата е таа што треба да ги решава нивните општествени потреби.

Истражувањето што го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања е направено со две усни анкети во домаќинствата во април 2006 година на репрезентативен примерок од по 1.607 испитаници. Загрижувачки е податокот дека дури 61 процент од граѓаните се свртени само кон самите себе и не се заинтересирани за помагање, што зборува за појава на себичност во релациите со другите луѓе. Според Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС, имајќи ја предвид малата поддршка од Владата, повеќето невладини организации планираат досегашните странски донации да ги заменат со домашни. (Г.Д.)

Извор: Утрински весник (8.ноември.2006)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Граѓаните не веруваат во државата