Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 април 2007 01:00

Пред голем број претставници на невладиниот сектор вчера во Скопје беше презентиран Индексот на граѓанско општество во Македонија, истражувачки проект на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој во себе ги сублимира вредностите, структурата и влијанието на невладиниот или граѓанскиот сектор во државата.

Професорот на Филозофскиот факултет, Ило Трајковски, нагласи дека Индексот на граѓанското општество и Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор се резултат на долг процес на зреење на демократијата во Македонија и на зреење на граѓанското општество и на јавната власт.

Според Гордана Дувњак, член на Националното советодавно тело на невладини организации, проектот е одлична можност во Македонија да се отстранат погрешните стереотипи што важат за невладиниот сектор во врска со нивното финансирање и транспарентноста. (П.Р.)

Извор: Утрински весник (25.април.2007)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија