Утрински весник: Промовиран адресарот на општините во Македонија |
Четврток, 30 ноември 2006 01:00 | |||
Сите осумдесет и четири општини во Македонија се претставени во најновиот Адресар на општините во Македонија во издание на Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС) и на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Адресарот ја дава комплетната слика на општините, почнувајќи од локацијата и контактите, преку демографската, родовата и етничката структура на населението, а заинтересираните имаат можност да ја дознаат и состојбата на економијата во општината, најважните проекти на локалната единица, како и еколошката слика на општината. „Целта на издавањето на адресарот е да се овозможи подобар пристап до локалната самоуправа и да се воспостават поблиски партнерства во заеднички проекти. Адресарот е издаден на три јазика, македонски, албански и англиски јазик, а, покрај печатената верзија, издадено е и електронското издание на адресарот, рече на вчерашната промоција Димче Митрески од МЦМС, уредник на адресарот. (М.К.) Извор: Утрински весник: (30.ноември.2006)
|