Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 25 prill 2007 01:00

Пред голем број претставници на невладиниот сектор вчера во Скопје беше презентиран Индексот на граѓанско општество во Македонија, истражувачки проект на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој во себе ги сублимира вредностите, структурата и влијанието на невладиниот или граѓанскиот сектор во државата.

Професорот на Филозофскиот факултет, Ило Трајковски, нагласи дека Индексот на граѓанското општество и Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор се резултат на долг процес на зреење на демократијата во Македонија и на зреење на граѓанското општество и на јавната власт.

Според Гордана Дувњак, член на Националното советодавно тело на невладини организации, проектот е одлична можност во Македонија да се отстранат погрешните стереотипи што важат за невладиниот сектор во врска со нивното финансирање и транспарентноста. (П.Р.)

Извор: Утрински весник (25.април.2007)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Промовиран Индексот на граѓанско општество во Македонија