Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото (2007) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото (2007) PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот беше да придонесе кон сеопфатно долгорочно градење на свест, мир и стабилност во земјата преку развој и промоција на целосна самоодржливост и ефективни институции и граѓански организации за заштита на човековите права.

Цели на проектот беа: Да се зајакнат способностите на спроведувачките партнери на ОБСЕ – граѓански организации и институции за обезбедување на фондови за долгорочна одржливост преку посетување на структуирани програми за градење на капацитети; Да се зголеми видливоста на спроведувачките партнери на ОБСЕ – граѓански организации и институции во пошироката јавност и Да се зајакне комуникацијата помеѓу граѓанските организации и институции, со што ќе се овозможи нивно вмрежување и создавање на партнерства со различни засегнати страни.

Целна група на проектот беше персоналот и активистите на 11 граѓански организации и институции партнерски организации на ОБСЕ.

Очекувани резултати на проектот беа: Подигната свест за важноста на стратешко планирање и развивање на стратешки планови за 8 организации; Подобрени вештини и знаења за ефективни односи со јавноста; Развиени среднорочни стратегии за односи со јавноста за 5 организации; Подобрени вештини, знаења и практични упатства за лобирање и застапување за 8 организации; Обезбедени консултации за лобирање и застапување за 8 организации; Граѓанските организации се информирани за контекстот на Македонското граѓанско општество; Граѓанските организации се информирани за Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор; Граѓанските организации се информирани за Македонската даночна рамка која се однесува на нив; Подобрени вештини и знања и развиена свест за важноста и употребата на различни алатки за следење и оценка; Подобрени вештини и знања за развој и употреба на Логичката рамка; Развиени вештини на 6 претставници од граѓанските организации за испорака на обуки; Подобрени вештините за мобилизирање на ресурси меѓу 8-те граѓански организации.

Во рамките на овој проект беа реализирани следниве активности:

Спроведување на две работилници за Стратешко планирање и Консултации за стратешко планирање за 6 организации; Обука за стратешко планирање – oсновна; Обука за вештини за односи со јавноста; Обука за лобирање и застапување; Информативен семинар за контекстот на граѓанското општество (Индекс на граѓанското општество); Информативен семинар за Стратегијата за соработка на Владата со граѓанското општество; Информативен семинар за фискалната рамка за граѓанските организации; Обука за следење и оценка; Обуката за Логичка рамка; Обука за обучувачи; Обука за мобилизирање на ресурси; Проценка на потребите за градење на капацитетите на Младинската мрежа Blue Sku, Скопје; Фацилитација на работилница на работната група на Националното координативно тело за антидискриминација; Семинар за подготовка на завршни финансиски извештаи и ревизија.
МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма беа обезбедени од ОБСЕ.

Временскиот период на спроведување беше 1 Април – 20 декември 2007 година.

Трошоците за проектот изнесуваа 1.378.153,50 МКД

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми