Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот е да придонесе на сеопфатното долгорочно градење на свест, мир и стабилност во земјата преку развој и промоција на целосна самоодржливост и ефективни институции и граѓански организации за заштита на човековите права.

Цел на проектот е Зајакнати организациските и интитуционалните кaпацитети на ГО и институциите и зајакнати човечките капацитети меѓу ГО и институциите.

orr301Целна група на проектот се персоналот и активисти на 9 граѓански организации и институции партнерски организации на ОБСЕ.

Очекуван резултат на проектот се: вклучените организации се информирани за новите даночни одредби, имаат развиени вештини и знаења за употребата на различни алатки за мониторинг и евалуација, лобирање и застапување, раководење со проектен циклус, доброто управување, правилно административно и финансиско работење, раководење и ефективно менаџирање и се информирани за процедурите и регулативите на претпристапните ИПА фондови.

Вкупно предвидени се 11 настани - обуки и подоготовка и печатење на два прирачника.

Активностите се следните: Настан за Нов развој во фискалната рамка на ГО; Обука за Административно и Финансико работење; Напредна обука за Застапување и лобирање; Обука за Финансиски менаџмент за не-финансиски менаџери; Напредна обука за мониторинг и евалуација; Обука за добро владеење; Прирачник за добро владеење, Обука за пристап и подготовка до ИПА фондови; Обука за улоги и одговорности на менаџери; Обука за Раководење со човечки ресурси; Прирачник за Раководење со човечки ресурси и Обука за Раководење со проектен циклус.

Проектот се заснова на пристапот на вклучување на сите релевантни актери и претпоставува дека сите актери се подготвени активно да се вклучат.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на проектот.

Средствата за спроведување на овој проект ќе бидат обезбедени од ОБСЕ.

Временскиот период на спроведување е 15 јануари – 20 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 1,092,160 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми