Адресар на организации на иселеници од Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на организации на иселеници од Македонија PDF Печати Е-пошта

Одговорен уредник: Гонце Јаковлеска
Дата: 2009 година
ISBN: 978-9989-102-93-6
PDF:
  adresar-na-organizaciite-na-iselenicite-od-makedonija.pdf

Адресар на организациите на иселениците од МакедонијаОва е првото издание од Адресарот на организациите на иселениците од Македонија чии издавачи се Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Со ова издание МЦМС го продолжува и проширува позитивното искуство од Адресарот на граѓанските организации во Македонија (7 изданија), Адресарот на единиците на локалната самоуправа во Македонија и Адресарот на верските заедници во Македонија (по 2 изданија).

Адресарот има за цел да ја подобри информираноста за организациите на иселениците од Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката македонска јавност. Адресарот е подготвен како заеднички проект на МЦМС и Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, чија база на податоци беше и основен извор на информации за организациите кои се вклучени во ова издание.

Со Адресарот се опфатени 583 организации, од вкупно 24 земји.

Принципот на вклучување во Адресарот беше организацијата да здружува граѓани со потекло од просторот на Република Македонија, без оглед на етничката или друга припадност. Се разбира, во дијаспората голем број организации вклучуваат и етнички Mакедонци и припадници на другите етнички заедници присутни во Македонија, кои по потекло не се од територијата на Република Македонија. Организациите кои вклучуваат граѓани од Република Македонија, но се декларираат како доминантно поврзани со територии вон нејзините граници, не се вклучени во Адресарот. Исклучоци се можни, иако се направени напори за целосна проверка и соодветна класификација. Вклучувањето на организациите во Адресарот не прејудицира никакви политички ставови на издавачот.

Адресарот ги содржи основните податоци на организациите – име и контакт податоци (адреса, телефон, телефакс, е-пошта, веб-страна и лице за контакт). Класифицирани се според земјата во која дејствуваат. Како што наведовме погоре, основните информации се преземени од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, листата е проширена и со други извори на информации (пр. веб-страници), а потоа се проверувани преку телефонски контакт или со е-пошта. Не е правена проверка на нивниот правен статус (регистрација).

Видот на организациите вклучува културно-уметнички и спортски друштва, здруженија за пријателство меѓу земјата во која е регистрирана организацијата и Македонија, организации од верски карактер (или поврзани со одредена верска заедница од Македонија или основана од неа), како и медиуми (електронски и печатени изданија).

Податоците се одговорност на самите организации. Можни се промени од периодот на собирање на информациите (јануари-март 2009 година), до самото издавање на Адресарот и потоа.

Презентацијата на организациите е направена по држави, по азбучен редослед. Имињата на организациите се напишани на македонски и на англиски јазик, а на организациите на другите етничките заедници од Македонија и на нивниот јазик, онаму каде што била достапна таа информацијата.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации