Адресар на граѓанските организации во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на граѓанските организации во Македонија PDF Печати Е-пошта

Одговорен уредник: Гонце Јаковлеска
Дата: 2003 година
PDF:
adresar-na-gragjanskite-organizacii-vo-makedonija.pdf

Адресар на граѓанските организации во МакедонијаОва е седмото издание на Адресарот на граѓанските организации кое ги регистрира промените во граѓанското организирање во Македонија во последните три години, односно од 2001 кога беше отпечатено претходното шесто издание на Адресарот, и тоа промени во однос на бројот на регистрирани организации, нивните цели, активности и ресурси со кои располагаат.

Со ова издание Македонскиот центар за меѓународна соработка останува на својата ориентација да се стреми кон подобрување на меѓусебната информираност и комуникација на граѓанските организации, но и со другите актери во општеството. Адресарот ја подобрува информираноста и на јавноста за граѓанските организации, придонесувајќи кон зголемување на нивната транспарентност. Тоа станува посебно значајно во контекстот на постојани и жестоки обвинувања и сомнежи упатени кон актерите на граѓанското општество.

Преку понудените информациите за организациите, корисникот ќе може да дојде до сознанија за можностите со кои располагаат организациите поединечно, но и генерално одделни сектори, како граѓанското организирање во целост, давајќи претстава за потенцијалот на овие организации да бидат едни од носителите на општествените промени.

Адресарот вклучува податоци за 1509 граѓански организации, од 5312 регистрирани организации. Вклучените организации се сите оние кои се пререгистрираа согласно законот од 1998, како и новорегистрираните организации.

Податоците за граѓанските организации се во веќе познатиот формат и тие вклучуваат податоци за контакт, како и одредени податоци од кои може да се изврши проценка на организацискиот капацитет.

Адресарот е издаден во печатена форма на македонски јазик и ќе биде достапен на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk .

На крајот би сакале да се заблагодариме на судиите во основните судови, кои работат на регистрација на граѓанските организации, кои ни овозможија преглед на регистрираните организации, на граѓанските организации кои одговорија на побараните податоци и на сите други учесници во подготовката на ова издание.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации