5 години МЦМС на Косово - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

5 години МЦМС на Косово PDF Печати Е-пошта

Главен и одговорен уредник: Сашо Клековски
Дата: 2005 година
ISBN: 9989-102-17-1
PDF:
pet-godini-mcms-na-kosovo.pdf

5 години МЦМС на КосовоПрвата активност во Косово на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) беше на 28 јуни 1999 година, со помош во Драгаш, по што следуваше воспоставување на канцеларијата во Ѓаковица на 15 јули 1999 година. МЦМС во Косово? Зошто?

Во април 1999 година на повик на Ел хилал, МЦМС се вклучи во помошта на раселените лица во “ничијата земја” меѓу Косово и Македонија. Од таа точка, па во текот на целата косовска криза, МЦМС беше една од водечките организации во справувањето со последиците на косовската криза по Македонија: бегалците и политичката нестабилност. Таквата вклученост на МЦМС му обезбеди можност да ја гледа не само заканата за политичката стабилност од големиот број бегалци, туку да ја види и човечката трагедија во средината на таа криза.

Тоа не беа бегалци од Косово, туку луѓе, наши соседи во неволја. И без разлика на политичките или етничките или кои било разлики, треба да им се помогне на луѓето, на нашите соседи во неволја.

По тоа беше природна одлуката на МЦМС да им помогне на соседите и во нивната земја, во Косово. И да ја следи својата улога на “кршач на мразот” во односите меѓу два соседи и на предрасудите коишто владеат.

Организација од Македонија помага во Косово, со мешани тимови од Македонија и од Косово, и од етнички Македонци и од етнички Албанци и од Македонија и од Косово. И тимови способни да работат и со Косовците етнички Албанци и неалбанци (пред сé Горани). И да работат во подрачја најжестоко погодени од војната, како Ѓаковица или Мала Круша во Призрен.

Во 2001 година, следејќи го својот принцип на развој на локалните капацитети, своето оперативно присуство го трансформира во партнерство со три организации. Две од нив произлегоа од тимот на МЦМС во Ѓаковица: Косовскиот развоен центар и Косовските женски иницијативи.

Во поминатите години може да посведочиме за големата пожртвуваност на многу луѓе во обновата на Косово, но и многу пријателства на сите нивоа. Сигурен сум дека многу од вклучените луѓе се поддржувачи на пријателството на луѓето од Македонија и од Косово. Тоа е нашиот мал придинес во мирот и стабилноста, развојот и градењето добри односи.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации