Споредбена анализа на системите за државно финансирање на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Споредбена анализа на системите за државно финансирање на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Автори: Горан Форбици и Моника Костањевец
Дата: ноември 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-75-5
PDF MK: sporedbena-analiza-na-sistemite-na-drzavno-finansiranje-na-go.pdf
PDF EN: comparative-analysis-of-systems-of-public-funding-of-csos.pdf

sporedbena-analiza-na-sistemite-na-drzavno-finansiranje-na-goОваа публикација има за цел да ги претстави најдобрите практики на државно финансирање на граѓанските организации од Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска, Естонија и Шкотска преку презентација на правната рамка за процедурите, примената на постојните правила и стандарди.

Анализата нуди основа за конкретни препораки за системот на државно финансирање во Македонија, т.е. предлага еден или повеќе модели за финансирање, кои ги земаат предвид специфичните одлики на македонското општество и неговиот политички и правен систем.

Истражувањето на практиките на државното финансирање на ГО е направено со помош на претставници на ГО и на владините служби за соработка со НВО од анализираните земји.

Публикацијата е наменета за сите чинители вклучени во процесот на доделување средства на граѓанските организации во Република Македонија, а ќе им послужи и на други заинтересирани од земјите од Западен Балкан и од Турција.

МЦМС од 2007 година темелно се залага за подобрување на директното буџетско финансирање на граѓанските организации од страна на државата. Активностите се спроведуваат преку истражување и информирање за можностите за подобрување на целокупниот систем за финансиската поддршка за граѓанското општество. 

Оваа анализа е подготвена од страна на Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, кои заедно со МЦМС го спроведуваат проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации