Даночното опкружување на граѓанските организации во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Даночното опкружување на граѓанските организации во Македонија PDF Печати Е-пошта

Автор: Борче Смилевски
Дата: септември 2012 година
ISBN: 978-608-4681-02-1
PDF:  danocnoto-opkruzuvanje-na-go-vo-mk.pdf

danocno-opkruzuvanjeВкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики е една од долгорочните цели на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). За да МЦМС и воопшто граѓанските организации, ефективно влијаат врз јавните политики, МЦМС подготвува анализи, со кои се придонесува во засновањето на активностите на факти. Ова особено важно за активностите за лобирање за донесување или измени на политики и закони заради развој и подобрување правната средина во која дејствуваат граѓанските организации во Македонија.

Првата анализа на даночното опкружување беше издадена пред 10 години од страна на МЦМС во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ). Анализата со наслов „Преглед на даночните закони што имаат влијание врз граѓанските организации во Централна и Источна Европа“ имаше и второ издание во 2004 година. Во 2007 година, МЦМС подготви „Преглед на даночните одредби за граѓанските организации со коментари”, кој претставуваше краток преглед на најважните членови и одредби од даночните закони во Македонија коишто директно или индиректно ги засегаат граѓанските организации во земјата. Во меѓувреме, и МЦМС и ЕЦНЛ издадоа и повеќе други публикации кои ја адресираат правната средина и воопшто околината во која дејствуваат граѓанските организации.

Оваа анализа „Даночното опкружување на граѓанските организации во Македонија“ беше подготвена во соработка на МЦМС со Центарот за даночни политики (ЦДП) и ЕЦНЛ, а овозможена од МЦМС и УСАИД. Текстот е подготвен со анализа на повеќе закони кои го регулираат даночното опкружување, на податоци за финансиската работа на граѓанските организации, интервјуа со стручни лица и организации, како и фокус-група со претставници на граѓански организации.

Посебен акцент е ставен на регулативата која неодамна го виде своето светло преку решенијата дадени во новиот Закон за здруженија и фондации во контекст на Законот за данокот на добивка и дилемите кои произлегуваат од новите одредби. Со честото менување на даночната регулатива, се менуваат и претпоставките во кои дејствуваат граѓанските организации, па неминовно се наметнува прашањето од нејзино следење и овозможување да се дадат јасни и прецизни одредби за (не)оданочување на граѓанските организации.

Се надеваме дека со оваа публикација ќе ги зајакнеме напорите на граѓанските организации и ќе ги поттикнеме релевантните државни институции за олеснување и подобрување на даночното опкружување, но и воопшто на одржливоста на граѓанските организации.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации