Адресар на општините во Република Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на општините во Република Македонија PDF Печати Е-пошта

Одговорен уредник: Грамоз Шабани
Дата: 2010 година
PDF:
  adresar-na-opstini-vo-republika-makedonija.pdf

Адресар на општините во Република МакедонијаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе години е активен во развојот на локалните капацитети како во граѓанскиот сектор, така и во локалната самоуправа. Денес се повеќе се нагласува потребата од размена на искуства, информации и заедничка акција.

На овој Адресар му претходеа две изданија, во 2002 и 2006 година, кои како и сега беа подготвени во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Со овој нов Адресар на единиците на локалната самоуправа сакаме да го повториме претходното позитивно искуство.

Адресарот е наменет за подобрување на меѓусебната информираност и комуникација на ЕЛС, како и информираноста и комуникацијата на ЕЛС со другите актери од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор, како и со можните донатори.

МЦМС и ЗЕЛС успеаа по втор пат да ги обезбедат податоците за сите ЕЛС, вклучително и градот Скопје. Опфатеноста од 100% овозможува да ги имате на едно место сите битни информации за сите 85 ЕЛС во Република Македонија.

Во Адресарот ги презентираме податоците за кои сметавме дека ќе придонесат кон разбирањето на информираноста и комуникацијата. Тоа се податоци за градоначалникот и Советот, како и нивните контакт податоци; основни податоци за ЕЛС; податоци за структурата на ЕЛС; буџетот на ЕЛС; локален економски развој или податоци за реализираните и планираните активности.

Адресарот е издаден на македонски, албански и англиски јазик во електронска форма на ЦД и е достапен на веб страницата на МЦМС www.mcms.org.mk и ЗЕЛС www.zels.org.mk

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања