АГРУМЕНТИ II – Збирка истражувања на важни општествени теми - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

АГРУМЕНТИ II – Збирка истражувања на важни општествени теми PDF Печати Е-пошта

Aвтори: Сунчица Саздовска, Гонце Јаковлеска, Александар Кржаловски; Сашо Клековски, Миша Поповиќ, Фанија Ивановска
ИСБН: 978-608-4848-11-0
Датум: Декември, 2018 година
PDF: argumenti-vtor-del.pdf

argumenti2Вториот дел од збирката истражувања за важни општествени теми – АРГУМЕНТИ опфаќа нови осум истражувачки извештаи направени врз основа на седум телефонски и една теренска анкета кај населението на Република Македонија. 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма на овој начин обезбедуваат информации кои ќе придонесат за аргументирана јавната дебата. Темите кои беа истражувани и овој пат во голем дел се однесуваа на политичката ситуација во Република Македонија, што се должи на турбулентниот период низ кој поминуваше земјата: референдумот за решавање на спорот со името, менувањето на Уставот, претседателските избори и сл. Вкупно пет истражувања беа посветени на овие теми: Една година Влада; Референдум 2018; Актуелни политички случувања; Во кој правец се движи Македонија? и Претседателски избори. 

Покрај тоа, беа истражувани и прашањата за учеството на граѓаните во носењето одлуки, за животниот стандард и за лицата со хендикеп. Наодите од овие анкети се презентирани во извештаите: Граѓанско учество; Животен стандард и Перцепции и ставови за лица со хендикеп и лица со психички проблеми. 

Истражувањата и овој пат понудија поинаков пристап, од долу нагоре. Тоа овозможи дебатата да ги земе предвид проблемите и потребите на граѓаните и да ги истакне нивните перцепции за важните општествени прашања. На овој начин, мислењето на граѓаните можеше да биде појдовната точка во дискусиите. Наодите од истражувањата беа презентирани во емисијата Топ тема на ваша страна со што станаа достапни на пошироката јавност. Ваквиот процес, не обезбеди само медиумска содржина за емисијата, тој сам по себе има пошироко значење, а тоа е градење на јавната свест за овие важни општествени прашања и истакнување на потребата за вклучување на граѓаните во јавната дебата. Покрај тоа, овие истражувања, им даваат можност и на институциите да ги согледаат ставовите и мислењата на граѓаните и соодветно да ги вклучат во креирањето на политиките.  

Сите анкети ги спроведе агенцијата М-Проспект, која е одговорна за нивната методолошка исправност. 

Спроведувањето на истражувањата и нивното публикување е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ што го спроведуваат Телевизија Телма и МЦМС, а финансиски го поддржува Агенција за меѓународен развој на САД (УСИАД).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања