Охридски рамковен договор - Интервјуа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Охридски рамковен договор - Интервјуа PDF Печати Е-пошта

Уредник: Сашо Клековски

Дата: август 2011

ИСБН: 978-608-4617-42-6

PDF: ohridski-ramkoven-dogovor-intervjua.pdf

ord-intervjua-2011МЦМС во пресрет на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) спроведе сеопфатно истражување за спроведувањето и постигнувањата на ОРД, како и на ефектите и влијанието што тие ги имаа(т) за граѓаните на Македонија, општеството и државата. Истражувањето се спроведува повеќе од една година од повеќечлен истражувачки тим, во консултации со советодавен комитет и со примена на повеќе истражувачки методи (анкети, студии на случај, интервјуа и др.).

Во оваа публикација се содржани интервјуата со клучните чинители, кои секој од свој аспект расветлуваат одредени аспекти од спроведувањето на ОРД и даваат придонес кон севкупната оценка на состојбата, постигнувањата и влијанието што договорот го имаше во развојот на македонското општество во овие десет години.

Во оваа публикација се содржани 22 интервјуа со личности, кои имале или сега имаат важна улога во однос на склучувањето и/или спроведувањето на ОРД. Поканети за интервју беа повеќе од 40 лица, од учесниците на преговорите кои доведоа до склучувањето на договорот, преку лидери на политички партии (вкл. на етничките заедници), до актуелни функционери кои раководат со институциите битни за спроведувањето на ОРД.

Во ова издание се содржани интервјуата со сите лица кои дадоа согласност за учество во оваа активност. Интервјуата беа направени во мај и јуни 2011 г. Изборот на насловите, цитатите и нагласените ставови е на редакцискиот одбор.

 

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања