Охридски рамковен договор - Интервјуа |
![]() |
![]() |
![]() |
Уредник: Сашо Клековски Дата: август 2011 ИСБН: 978-608-4617-42-6 PDF: ohridski-ramkoven-dogovor-intervjua.pdf
Во оваа публикација се содржани интервјуата со клучните чинители, кои секој од свој аспект расветлуваат одредени аспекти од спроведувањето на ОРД и даваат придонес кон севкупната оценка на состојбата, постигнувањата и влијанието што договорот го имаше во развојот на македонското општество во овие десет години. Во оваа публикација се содржани 22 интервјуа со личности, кои имале или сега имаат важна улога во однос на склучувањето и/или спроведувањето на ОРД. Поканети за интервју беа повеќе од 40 лица, од учесниците на преговорите кои доведоа до склучувањето на договорот, преку лидери на политички партии (вкл. на етничките заедници), до актуелни функционери кои раководат со институциите битни за спроведувањето на ОРД. Во ова издание се содржани интервјуата со сите лица кои дадоа согласност за учество во оваа активност. Интервјуата беа направени во мај и јуни 2011 г. Изборот на насловите, цитатите и нагласените ставови е на редакцискиот одбор.
|