Извештај за економската вредност на непрофитниот сектор во земјите од Западен Балкан и Турција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за економската вредност на непрофитниот сектор во земјите од Западен Балкан и Турција PDF Печати Е-пошта

Автор: Дубравка Велат
Дата: јануари 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-46-5
PDF:  izvestaj-za-ekonomskata-vrednost-na-neprofitniot-sektor.pdf

izvestaj-za-ekonomskata-vrednost-na-neprofitniot-sektorМЦМС, преку прибирање податоци, учествуваше во подготовката на првата студија за економската вредност на непрофитниот сектор во седум земји од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција. Студијата се подготвува за прв пат и опфаќа информации за економското влијание на секторот, ги мапира и илустрира финансиските капацитети, големината, резултатите и вредностите на секторот во однос на целокупната економија.

Студијата го подржува процесот на легитимизација на граѓанското општество и неговите активности особено преку податоците за вработеноста и економскиот раст во непрофитниот сектор. Нејзината цел е и да ја унапреди достапноста на статистички информации за карактеристиките на финансиските и човечките ресурси на граѓанското општество. Таа треба да влијае и на свеста на клучните државни институции за важноста на секторот за општество и потребата за негова поддршка и одржливост преку државното финансирање и други извори на средства. Институциите треба е да ја препознаат економската вредност на секторот и да креираат клучни стратегии за одржување на економските и човекови ресурси во граѓанското општество.

Извештајот се состои од две поглавја: споредбена анализа и анализа по земји.  Поглавјето со споредбената анализа дава преглед на заедничките предизвици во собирањето податоци во сите седум земји, клучни економски параметери, како и заедничките препораки за целиот регион.

Поглавјето со анализи по земји дава подетален опис на ситуацијата со собирањето на податоците и предизвиците, подетални економски податоци, како и конкретни препораки за секоја земја.

Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Граѓански практики