Мрежите и коалициите во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мрежите и коалициите во Македонија PDF Печати Е-пошта

Автор: Наташа Габер – Дамјановска
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-57-8
PDF:
mrezite-i-koaliciite-vo-makedonija-2007.pdf

Мрежите и коалициите во МакедонијаПубликацијата „Мрежите и коалициите во Македонија“ претставува презентација на наодите и заклучоците од истражувањето кое го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во првиот квартал од 2007 година преку анкетен прашалник со граѓански организации. Оваа публикација има за цел да ги констатира состојбите на полето на меѓусебната соработка и мрежното работење на граѓанските организации, создавајќи основа за следните чекори на градење капацитети за вмрежување и партнерство.

Соработката, партнерствата и вмрежувањето со актуелни теми кои се повеќе се наметнуваат во расправата за граѓанското општество и неговите напори да биде поефективно и да остварува поголемо влијание врз општествените текови. Ефективното мрежно работење е битен сегмент од социјалниот капитал на секоја организација и станува се позначајно, и тоа и на национално и на меѓународно ниво во контекстот на новите предизвици кои претстојат на нашата земја. За граѓанските организации е се позначајно да ги здружуваат своите напори, знаења и се поограничените ресурси.

Затоа е важно да се истражат и анализираат практиките на вмрежување и соработка за да може да се научи од нив. Првите вакви обиди МЦМС ги направи како дел од истражувањето Индекс за граѓанското општество во Република Македонија. Сепак, истражувачкиот тим се соочи со недостаток на доволно податоци. Ова публикација е прв обид оваа тема да се истражи посеопфатно.

МЦМС ја подготви оваа публикација во рамките на проектот „Истражување за мрежи, коалиции и чадор – организации“, кој е дел од Програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) 2006-2007 „Национална платформа/форум на граѓанското општество“, поддржана со финдови на Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации