Извештај за економската вредност на непрофитниот сектор во земјите од Западен Балкан и Турција |
![]() |
![]() |
![]() |
Автор: Дубравка Велат
Студијата го подржува процесот на легитимизација на граѓанското општество и неговите активности особено преку податоците за вработеноста и економскиот раст во непрофитниот сектор. Нејзината цел е и да ја унапреди достапноста на статистички информации за карактеристиките на финансиските и човечките ресурси на граѓанското општество. Таа треба да влијае и на свеста на клучните државни институции за важноста на секторот за општество и потребата за негова поддршка и одржливост преку државното финансирање и други извори на средства. Институциите треба е да ја препознаат економската вредност на секторот и да креираат клучни стратегии за одржување на економските и човекови ресурси во граѓанското општество. Извештајот се состои од две поглавја: споредбена анализа и анализа по земји. Поглавјето со споредбената анализа дава преглед на заедничките предизвици во собирањето податоци во сите седум земји, клучни економски параметери, како и заедничките препораки за целиот регион. Поглавјето со анализи по земји дава подетален опис на ситуацијата со собирањето на податоците и предизвиците, подетални економски податоци, како и конкретни препораки за секоја земја. Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА). |