Извештај за економската вредност на непрофитниот сектор во земјите од Западен Балкан и Турција |
Автор: Дубравка Велат МЦМС, преку прибирање податоци, учествуваше во подготовката на првата студија за економската вредност на непрофитниот сектор во седум земји од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција. Студијата се подготвува за прв пат и опфаќа информации за економското влијание на секторот, ги мапира и илустрира финансиските капацитети, големината, резултатите и вредностите на секторот во однос на целокупната економија. Студијата го подржува процесот на легитимизација на граѓанското општество и неговите активности особено преку податоците за вработеноста и економскиот раст во непрофитниот сектор. Нејзината цел е и да ја унапреди достапноста на статистички информации за карактеристиките на финансиските и човечките ресурси на граѓанското општество. Таа треба да влијае и на свеста на клучните државни институции за важноста на секторот за општество и потребата за негова поддршка и одржливост преку државното финансирање и други извори на средства. Институциите треба е да ја препознаат економската вредност на секторот и да креираат клучни стратегии за одржување на економските и човекови ресурси во граѓанското општество. Извештајот се состои од две поглавја: споредбена анализа и анализа по земји. Поглавјето со споредбената анализа дава преглед на заедничките предизвици во собирањето податоци во сите седум земји, клучни економски параметери, како и заедничките препораки за целиот регион. Поглавјето со анализи по земји дава подетален опис на ситуацијата со собирањето на податоците и предизвиците, подетални економски податоци, како и конкретни препораки за секоја земја. Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА). |