Цивикус – Индекс на граѓанското општество - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивикус – Индекс на граѓанското општество - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Цивикус – Индекс на граѓанското општествоИндексот на граѓанското општество (ИГО) е потврден начин за истражување и проценка на состојбата на граѓанското општество. Во 2008 г. МЦМС се пријави на повикот на Светската алијанса за граѓанско учество Цивикус за национална координирачка организација и беше избран по втор пат да го координира и спроведе Цивикус-Индексот на граѓанското општество во Република Македонија. ИГО го проценува граѓанското општество преку анализа на 65 показатели во следните пет димензии на ГО: Граѓански ангажман; Ниво на организација; Практикување на вредности; Перцепција на влијание; и Надворешна околина. Овие показатели на граѓанското општество ќе се истражуваат со: испитување на јавноста преку репрезентативен национален примерок, анкета на ГО, интервјуа со клучни личности, студии на случај, но и повеќе расправи меѓу различните актери во општеството.

Општа цел на проектот е зајакнато граѓанско општество и негова подобрена одржливост и учество во позитивните општествени промени. Цел на проектот е собрани и споделени корисни и релевантни информации за состојбата на граѓанското општество. Целна група на проектот се општата јавност, ГО, државните институции, медиумите и деловниот сектор. Директни корисници се над 6000 граѓански организации, синдикати, верски заедници, организации на работодавачи и стопански комори. Проектот ќе се спроведува во Република Македонија, додека најголем дел од активностите ќе се реализираат во Скопје.

Очекувани резултати од проектот се: Релевантните чинители се информирани за состојбата со ГО во Македонија; Организирани форуми за размена на знаењето за ГО; Дефинирани препораки за зајакнување на ГО; и Зголемен капацитет за истражување на учесниците во проектот.

Резултатите ќе се постигнат преку следните активности:

  1. Информирање на релевантните чинители за состојбата со ГО: Анкета на граѓанските организации (организациска анкета) и анализа на наодите; Анкета за надворешна перцепција; Анкета на населението; Прибирање податоци за Дијамантот на ГО; Подготовка на прикази на случај; Анализа на податоците и подготовка на нацрт-аналитички извештај и политичко резиме; и Промовирање и дистрибуирање на продуктите од ИГО.
  2. Организирање форуми за размена на знаењето за ГО: Состаноци на Советодавен комитет (СК); Регионални состаноци со фокус-групи; и Национална работилница.
  3. Дефинирање препораки за зајакнување на ГО: Дефинирање заклучоци и препораки од страна на НИТ; и Разгледување и потврдување на заклучоците и препораките.
  4. Зголемен капацитет за истражување на учесниците во проектот: Зајакнување на капацитетот на соработниците во МЦМС за истражувања; и Подобрување на капацитетите за анализа и јавна расправа за граѓанското општество.

Периодот на спроведување е 1 септември 2009 г. – 30 јули 2010 г.

Самиот пристап на проектот овозможува и бара вклучување на повеќе актери од различни сектори. Во проектот ќе учествуваат над 100 претставници на ГО, владините институции, Собранието, локалната самоуправа, медиумите, универзитетите, црквите и верските заедници, синдикатите, политичките партии, претпријатијата, стопанските комори и др.

Наодите од ИГО се корисни за формулација на идни истражувања било за јавното мислење за граѓанското општество, јаките и слабите страни на ГО, правната и фискалната средина за функционирање на ГО и сл. Додадена вредност на ИГО е и активното учество на најразлични актери од општеството, што ќе овозможи воспоставување контакти меѓу различните сектори, но и започнување или подобрување на комуникацијата и соработката.

Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Планираните директни трошоци изнесуваат 930.000,00 МКД. Проектот е финансиран од ЕЕД, УНДП и од МЦМС.

Организации на граѓанското општество

  1. Бехиџудин Шехапи – претседател на Ел хилал
  2. Газменд Ајдини - извршен директор на Центарот за развој на медиумите, генерален секретар на Здружението на новинарите на Македонија
  3. Дарко Алексов - извршен директор на „Мост“
  4. Дојчин Цветановски – претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК )
  5. Елена Николова - извршен директор на Еразмус - студентската мрежа Скопје
  6. Звонко Шаврески - претседател на „Полио плус – движење против хендикеп”
  7. Јана Лозановска – директор на Одделот за применето истражување на политиките во Институтот „Евро-Балкан“
  8. Мирјана Најчевска – директор на Центарот за човекови права и разрешување конфликти
  9. Мухамед Точи – координатор на секторот за човекови права и меѓуетнички односи во Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“, Гостивар
  10. Ризван Сулејмани - директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје
  11. Сунчица Костовска – директор на програмата за граѓанско општество, Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ)

    Претставници од другите сектори
  12. Александар Николовски – пратеник во Собранието на Република Македонија
  13. Зумрете Јакупи – пратеник во Собранието на Република Македонија
  14. Елисавета Симјановска – менаџер за односи со јавноста и корпоративен идентитет во Секјуриком
  15. Ирена Иванова – Делегација на Европска комисија
  16. Лилјана Поповска – пратеник во Собранието на Република Македонија
  17. Радмила Шеќеринска – пратеник во Собранието на Република Македонија
  18. Слаѓана Димишковска – новинар
  19. Соња Трајаноска-Стефановска - Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)

Завршен извештај од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации