Цивикус – Индекс на граѓанското општество - извршно резиме |
Индексот на граѓанското општество (ИГО) е потврден начин за истражување и проценка на состојбата на граѓанското општество. Во 2008 г. МЦМС се пријави на повикот на Светската алијанса за граѓанско учество Цивикус за национална координирачка организација и беше избран по втор пат да го координира и спроведе Цивикус-Индексот на граѓанското општество во Република Македонија. ИГО го проценува граѓанското општество преку анализа на 65 показатели во следните пет димензии на ГО: Граѓански ангажман; Ниво на организација; Практикување на вредности; Перцепција на влијание; и Надворешна околина. Овие показатели на граѓанското општество ќе се истражуваат со: испитување на јавноста преку репрезентативен национален примерок, анкета на ГО, интервјуа со клучни личности, студии на случај, но и повеќе расправи меѓу различните актери во општеството. Општа цел на проектот е зајакнато граѓанско општество и негова подобрена одржливост и учество во позитивните општествени промени. Цел на проектот е собрани и споделени корисни и релевантни информации за состојбата на граѓанското општество. Целна група на проектот се општата јавност, ГО, државните институции, медиумите и деловниот сектор. Директни корисници се над 6000 граѓански организации, синдикати, верски заедници, организации на работодавачи и стопански комори. Проектот ќе се спроведува во Република Македонија, додека најголем дел од активностите ќе се реализираат во Скопје. Очекувани резултати од проектот се: Релевантните чинители се информирани за состојбата со ГО во Македонија; Организирани форуми за размена на знаењето за ГО; Дефинирани препораки за зајакнување на ГО; и Зголемен капацитет за истражување на учесниците во проектот. Резултатите ќе се постигнат преку следните активности:
Периодот на спроведување е 1 септември 2009 г. – 30 јули 2010 г. Самиот пристап на проектот овозможува и бара вклучување на повеќе актери од различни сектори. Во проектот ќе учествуваат над 100 претставници на ГО, владините институции, Собранието, локалната самоуправа, медиумите, универзитетите, црквите и верските заедници, синдикатите, политичките партии, претпријатијата, стопанските комори и др. Наодите од ИГО се корисни за формулација на идни истражувања било за јавното мислење за граѓанското општество, јаките и слабите страни на ГО, правната и фискалната средина за функционирање на ГО и сл. Додадена вредност на ИГО е и активното учество на најразлични актери од општеството, што ќе овозможи воспоставување контакти меѓу различните сектори, но и започнување или подобрување на комуникацијата и соработката. Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Планираните директни трошоци изнесуваат 930.000,00 МКД. Проектот е финансиран од ЕЕД, УНДП и од МЦМС. |