Долг пат до поголем граѓански ангажман - Резиме и препораки за идни политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Долг пат до поголем граѓански ангажман - Резиме и препораки за идни политики PDF Печати Е-пошта

Автори: Сашо Клековски, Даниела Стојанова, Гонце Јаковлеска, Емина Нурединоскa
Дата: 2011 година
ISBN: 978-608-4617-35-8

PDF: dolg-pat-do-pogolem-graganski-angazman-rezime.pdf

IGO rezimeОва резиме и препораките за идни политики за граѓанското општество служат како насока за владата, за клучните чинители и за граѓанското општество за преземање активности потребни за зајакнување на граѓанското општество и справување со слабостите идентификувани во проектот ЦИВИКУС - Индекс на граѓанското општество (ИГО) од 2008 до 2011.

Наодите на ИГО го дефинираат граѓанското општество во Македонија како умерено добро развиено. Најсилните аспекти на граѓанското општество се неговото ниво на организација и практикувањето вредности. Сепак, граѓанското општество не ја користи ефикасно својата внатрешна силна страна за да влијае на општеството или да ги мотивира граѓаните да учествуваат во неговите активности. Влијанието на граѓанското општество врз општествените проблеми и политики е умерено или просечно, а граѓанското учество е ниско. Надворешната околина во која дејствува граѓанското општество во Македонија е само делумно поволна.

Учесниците во ИГО дадоа препораки за подобрување на состојбата и влијанието на граѓанското општество, особено во областите каде што е тоа најслабо. Овие препораки се за активистите во граѓанското општество, но и за чинителите во другите сектори, во насока на подобрување на учеството на граѓаните, влијанието на општествените проблеми и политики и користењето на можностите кои ги нуди околината.

Клучните препораки презентирани во ова резиме и препораките за идни политики за граѓанското општество се однесуваат на неговата одржливост. Има потреба да се подобри граѓанскиот и социјалниот дијалог меѓу граѓанските организации (ГО) и донесувачите на одлуки. Неопходно е граѓанските организации да бидат вклучени во работата на Собранието, во работните групи при Владата и во процесот на европска интеграција. За да се обезбеди неговата финансиска одржливост, граѓанското општество има потреба од подобрена и зајакната директна поддршка од Владата, од буџетот и лотаријата, како и од индиректна државна поддршка преку даночни олеснувања и развој на статусот на организации од јавен интерес.

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации