Граѓански практики 12 - „Граѓански ангажман“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански практики 12 - „Граѓански ангажман“ PDF Печати Е-пошта

Автори: Дејан Мишевски, Дарко Булдиоски, Борис Ристовски, Марко Трошановски, Миша Поповиќ, д-р Мишо Докмановиќ, Сања Гичевска, Бојана Јовановска
Дата: јуни, 2011 година
ISBN 978-608-4617-24-2
PDF:   graganski-praktiki-br.12.pdf

Граѓански практики 12 - „Граѓански ангажман“По речиси осум години од првото издание на Граѓански практики, МЦМС го обнови нивното издавање, овој пат само во електронска варијанта.

Новите Граѓански практики произлегоа како резултат на Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Тие се резултат на заложбата за продлабочен поглед на граѓанското општество.

Ова 12-то издание на Граѓански практики е посветено на граѓанскиот ангажман. Вкупно осум автори истражуваа пет теми поврзани со граѓанскиот ангажман. На страниците на ова издание ќе можете да прочитате за учеството на граѓаните во политичките непартиски активности низ актуелни примери, како што се протестите против промена на уставното име, протестите и петициите околу проектот Скопје 2014. Социјалните медиуми се предмет на интерес во два од приказите. Како се употребуваат од страна на граѓанските организации, какви пораки се испраќаат преку нив, постои ли интеракција? Мобилизирањето на граѓаните преку социјалните мрежи се разработува низ примерот на граѓанската иницијатива „Плоштад Слобода“. Последните два прикази се однесуваат на волонтерството: Каква е сегашната состојба на развојот на волонтерството, посебно по донесувањето на Законот за волонтерство? Кој е општиот профил на лицата кои волонтираат во социјалните и хуманитарните организации? Кои се главните мотиви кои ги поттикнуваат луѓето да се ангажираат во волонтерски активности?

Пред вас е одлична понуда на текстови. Веруваме дека ќе уживате читајќи ги и не само тоа, веруваме дека ќе ви помогнат во сегашните активности и планирањето на вашите идни активности.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Извршна канцеларија