Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Република Македонија |
Автор: Маријана Иванова Овој труд е изготвен во периодот декември 2007 - јуни 2008 година, како завршен дел од студиите Executive MBA на Универзитетот Шефилд, Велика Британија - Сити колеџ во Солун, Грција, под надзор на менторот проф. д-р Никос Димитријадис од Сити колеџот. Авторот, Маријана Иванова, во 2005 година беше една од осумте студенти од Република Македонија кои добија стипендија за студирање на Универзитетот Шефилд под покровителство на претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски. Публикацијата на трудот е овозможена со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
|