Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ PDF Печати Е-пошта

Со проширувањето на ЕУ, дванаесетте нови земји членки (НЗЧ) придонесуваат стра-тешки и финансиски кон ЕУ политиките за развојна соработка. Приоритетите, политиките и методологиите на НЗЧ и пристапните земји (ПЗ) го збогатуваат сегашни-от ЕУ пристап. Вклученоста на развојните ГО (НРГО) во овој процес и во Европската конфедерација за помош и развој (КОНКОРД) е одлучна да ги достигне ветувањата на ЕУ за искоренување на светската сиромаштија. Македонија како идна земја членка и посебно граѓанскиот сектор ќе треба да се вклучи во тие процеси, за што треба да се развие свеста и изградат човечки и институционални капацитети за развојна соработка.

Градење капацитети за развојна соработка во ЕУОпшта цел на програмата беше развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот беше зајакнати човечки ресурси кај актерите на ГО во Македонија на полето на развојната соработка, во контекст на процесот на ЕУ интеграции.

Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество. Дополнително, специфична целна група на овој проект беа и претставници на релевантни министерства и служби, општини, образовни институции, медиуми, донатори, развојни агенции и заинтересираната јавност.

Главната активност на проектот беше организирање дводневна конференција во соработка со ТРИАЛОГ од Австрија и во партнерство со две македонски организации- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Сигма 7.

Конференцијата под наслов “Развојна соработка во контекст на ЕУ членство на Македонија” беше одржана во просториите на ЕУ Инфо Центар на 21 октомври, 2008 година. Првиот ден беше посветен на јавна конференција со цел зголемување на свеста за ЕУ развојни политики и разгледување на потребните чекори и дејствувања за да Македонија може активно да биде вклучена во ова поле како идна ЕУ членка. На конференцијата се обрати Г-дин Ивица Боцевски, вице премиер министер одговорен за ЕУ интеграции, од владата на Македонија. На конференцијата учествуваа 40 претставници на ГО, министерства, универзитети, меѓународни организации и медиуми.

Вториот ден беше организирана работилница за ГО да дискутираат за моменталната состојба, потреби и можности за нивно идно вклучување во развојна соработка. На работилницата насловена “Македонски ГО во идната улога во развојната соработка” учесниците научија повеќе за активности на РНВО платформи во Европа како и моментални можности за нивни конкретни вклучувања на проектно ниво (не-државни актери и локални власти во развојната програма). На крај, конкретни чекори беа усогласени меѓу 19 ГО претставници за идни чекори како размена на информации, идентификација на најдобри пракси и идентификација на идни организации заинтересирани за иден развој, состаноци, студиски посети, округли маси итн. за развојни теми, и работење спрема можно отварање на македонска РНВО платформа. Основни информации за настанот беа објавени на МЦМС интернет страна.

Соработка

Во рамките на проектот се реализира соработка со КОНКОРД и други европски мрежи и институции. ТРИАЛОГ- www.trialog.org.at е проект кој беше започнат март 2000 година за јакнење на свеста за развојна соработка во проширена ЕУ.  Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ (МХК)- www.mhc.org.mk е граѓанска организација за промоција и заштита на човековите права. Сигма 7 е релативно нова организација посветена на процесот на евроинтеграциите на Македонија.

Организација на проектот

МЦМС имаше одговорност за спроведувањето на проектот и донесувањето одлуки. Проектот опфаќаше активности кои се дел од програмата ОРР за 2008 година. За проектот беше назначена соработничката Зденка Виденова, кој беше одговорна за логистика со поддршка од Тања Хафнер Адеми, соработничка на проекти, одговорна за следење на спроведувањето на проектот. МХК и Сигма 7 учествуваа во изборот на учесници и воведничари.

Известување, набљудување и оценување

Напредокот на овој проект беше набљудуван преку редовни состаноци на проектниот тим. Во делот на односи со јавноста беше вклучен и соработник од ова поле.

По завршување на проектните активности се подготви овој завршен извештај и е поднесен до Управен одбор на МЦМС во предвиден рок.

Последователни активности

Конференцијата имаше за цел да ги информира заинтересираните актери за темата и да изгради основни познавања. Со тоа конференцијата овозможи мапирање на состојбата во Македонија и потребните последователни активности на оваа тема. Во тој дел се очекува понатамошна соработка со ТРИАЛОГ во насока на градење капацитети на ГО за развојна соработка, најверојатно од есен 2009 г. односно кога Македонија ќе почне преговори за членство во ЕУ. МЦМС редовно ги следи случувањата во полето на развојна соработка преку размена на информации со ТРИАЛОГ и учество во Работна група на КОНКОРД-ТРИАЛОГ за проширување (ЕПАН).

Трошоци на проектот изнесуваат  94.365,5 МКД.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Градење капацитети за развојна соработка во ЕУ